Вест за Рипли: Од нива украдени 200 тони пченица!

Вест која заслучува да влезе во риплиевата „Верувале или не“ е денешната дека од нива биле украдени 200 тони пченица.



Од 25 јули до 13 август од парцели сопственост на ЗК Пелагонија, во атарот на работна единица „Југ“, која ги опфаќа селата Кременица, Меџитлија, Породин, Лажец, Велушина, Гермијан и Бач, непознати лица извршиле кражба на 200 до 240 тони пченица, пренесоа медиуми.

Причинета материјална штета од околу 50.000 евра.