Ако барателот на мандатот понуди 61, најмалку 61 потпишан пратеник, тогаш е формирано парламентарното мнозинство и тој во таков контекст, претседателот е должен да го даде мандатот,



„Оној кој што ќе го побара мандатот, мора на претседателот да му претстави одредена евиденција, барем потписи на пратеници, избрани пратеници кои го сочинуваат парламентарното мнозинство. Ако барателот на мандатот понуди 61, најмалку 61 потпишан пратеник, тогаш е формирано парламентарното мнозинство и тој во таков контекст, претседателот е должен да го даде мандатот и потоа процедурата тече како што е предвидено. Таквиот кандидат што го добил мандатот е должен во рок од 20 дена, да подготви програма, да ја усогласи програмата, да предложи состав на Влада“, тврдеше во 2017 година професорот по уставно право Светомир Шкариќ.

За доделувањето мандат на Груевски после изборите во 2016 година за составување влада професор Шкариќ тврдеше дека Иванов постапил спротивно на Уставот, пишува „Весник“.

„Шефот на државата постапи спротивно на Уставот. Тој го доделува мандатот на партија што има коалиција на партии што освоиле најголем број на пратенички места во Собранието. Тој број е 51, недоволен за оформување на парламентарното мнозинство и во такви околности оној што го примил мандатот добива рок од 20 дена, да види дали може да формира парламентарно мнозинство“.