Опозициската ВМРО-ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на одлуката на Претседателот Стево Пендаровски, за доделување мандат за формирање влада на Зоран Заев.
Сметаат дека постои сериозна повреда на Уставот затоа што мандатот е доделен без доказ за поседување на парламентарно мнозинство.
„Мандатот е узурпиран од пратеникот Зоран Заев кој нема мнозинство, чекорот со кој Пендаровски го прекрши Уставот е за купување време и давање постор за непринципиелно купување на пратеници” велат од ВМРО-ДПМНЕ.






