Статус на денот: Да заоди внучето на Талат и ќе свика седница дедо му

Изјавата од досегашниот спикер на Собранието, Талат Џафери, дека ќе свикал седница „кога ќе одлучел“ охриѓанецот Иљче Затаракоски ја спои во статусот на денот со вчерашното раѓање на неговиот внук Фрешер, поради кој функционерот на ДУИ го откажа вчерашното заседание на Парламентот.



„Да заоди на училиште или да пропатка?“, е првиот коментар под статусот.