Денеска во земјава се регистрирани 160 нови случаи на ковид-19, а починати се три пациенти, двајца од Скопје (60 и 72 години) и пациентка од Гостивар (53), сите во болнички услови.
Во последните 24 часа направени се 2.172 тестови.
Хоспитализирани се 354 пациенти со симптоми на корона.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 12.515, од кои оздравени се 9.030, а починати 535 пациенти.
Од нститутот за јавно здравје денеска за прв пат од избивањето на пандемијата регистрираа под 3.000 активни случаи на корона – поточно 2.950.





