Во врска со синоќешните инциденти во Тетово во кои биле опожарени две возила на ЕВН, приведен е еден осомничен, јавува ТВ21.



Од МВР информираат дека на информативен разговор во полициска станица во Тетово бил приведен Кренар Османи, кој е организатор на протестите против поскапувањето на струјата.

Османи за ТВ21 потврди дека бил приведен и како што тврди поднесена му е кривична пријава, само заради тоа што напишал статус „Сакате игра, и ние ќе ја играме играта“.

Како што вели тој, кривичната пријава е за опожарување на двете возила, а целиот случај ќе продолжи во судска постапка.

Доцна синоќа во Тетово опожарени се две возила на ЕВН.

Возилата целосно изгореле, а од пожарот било зафатено уште едно возило со тетовски регистарски ознаки.