Кои се партиите за кои лидерот на СДСМ му кажал дека преговара на претседателот Пендаровски со цел да направи мнозинство со Собранието.
Откако денеска Алтернатива и Алијанса за Албанците демантираат дека со Заев преговараат за парламентарно мнозинство има неколку опции за тоа со кого преговара Заев.
Вчера претседателот Пендаровски по средбата со Мицкоски изјави дека Пендаровски од Заев бил информиран за партии во множина а не за една партија.
„До овој момент, 61 пратеник нема ниту една политичка партија. Но, Заев се јави во текот на вчерашниот ден и рече дека е во преговори со политичките партии, дека е на добар пат да обезбеди мнозинство. Од тој момент имаме контратеза од Мицкоски кој праша – како јас сум стекнал впечаток дека Заев има мнозинство? Му реков дека ќе работи да обезбеди мнозинство и дека до овој момент ниту еден друг не се јави да каже дека ќе направи мнозинство“,
изјави вчера Пендаровски.
Ако се исклучат БЕСА како дел од коалицијата и Алијанса и Алтернатива кои негираат било какви преговори во игра теоретски покрај ДУИ останува ВМРО-ДПМНЕ од каде што исклучуваат контакти и разговори со Заев за влада.
Втора опција е Заев и СДСМ да преговараат за мнозинство со Левица која има два пратеника а која предходно
најави дека немаат намера да влезат во влада на СДСМ но би поддржале влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Трето објаснување на изјавата на Пендаровски е тој да не го слушнал добро Заев кога му се јавил на телефон да му каже дека работи на мнозинство по што претседателот му го додели мандатот.
Четврта варијанта е Заев да преговара со некоја од партиите кои се дел од коалицијата предводени од ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се засилат информациите дека се прават непринципиелни притисоци повторно да се купат пратеници.
И петта опција за ситуацијата е лидерот на СДСМ да не ја кажал вистината кога на Пендаровски му рекол дека преговара со повеќе партии, што со оглед на изјавите на сите други партиски претставници е најголемата веројатност.
Ова прашање е од голема важност затоа што изјавата за преговори со повеќе партии е основа за доделување на мандат за формирање мнозинство и идна влада.
Доколку Пендаровски бил убеден од Заев да му го даде мандатот со лага тогаш претседателот бил измамен и направил погрешна проценка на мандатарот.
Села и Гаши ќе го подржат ДУИ само ако Насер Зибери биде премиер





