Во БЕСА бесни по средбата Заев – Гаши

Високи претставници на движењето БЕСА се незадоволни од средбата што ја имал вчера лидерот на СДСМ Заев со лидерот на Алтернатива Африм Гаши.



Иако официјално според СДСМ се работело за приватна средба, Заев со Гаши разговарал за евентуална поддршка на пратениците на Алтернатива на Владата во која би влегле и ДУИ, БЕСА и ДПА.

Во БЕСА се разочарани што алтернативците и Гаши според партиски избори барале значителен дел од владиниот колач односно министер за култура кој и досега беше под нивна контрола но и неколку други високи функционерски места во владата.

Функционери од БЕСА не исклучуваат дека лесно може да се заврши соработката со СДСМ доколку Заев инсистира на вклучување на повеќе партии на Албанците од што е потребно во новата влада при што партијата на Касами која е предизборен коалиционен партнер би загубила дел од раководните владини позиции.

Одбивноста на БЕСА кон Алтернатива се должи на нивните судири додека се раздвојуваа во два посебни политички политички субјекти при што меѓу двете групации беа искажани многу тешки зборови.

Двете партии сега имаат по 4 пратеници во Собранието.

БЕСА според партиски извори е заинтересирана во прв ред за министерството за економија каде предходно како кадар на ДУИ работел лидерот на партијата Билал Касами.