Претседавачот со конститутивната седница на Собранието, Талат Џафери, се откажал од намерата за утре да закаже продолжение на седницата, како што најави вчера во текот на денот, објави ноќеска „360 степени“.
Според ТВ проектот не станува збор за формално откажување на продолжението, зашто Џафери претходно само го најавил утрешното заседание до собраниските служби и побарал од нив да го подготват.
Од 360 степени се обиделе и официјално да ја потврдат информацијата дека Собранието утре нема да заседава, но надлежните службеници во парламентот вчера не можеле да го направат тоа.
Седницата ја нема ниту на собранискиот календар на официјалната веб-страница на Собранието. При изборот на утрешниот датум таму стои дека „нема закажни пленарни седници и седници на работни тела“.
Џафери вчера прво ги задолжил собраниските служби да започнат подготовки за одржување на утрешното заседание, а подоцна во медиумите потврди дека таа ќе се одржи во 15 часот.
Кој и како го премислил Џафери, засега нема информација.
Тој вчера не знаеше какво мнозинство има Заев поради кое Пендаровски денеска ќе му го додели мандатот.
Спикерот не знае какво мнозинство има Заев за да добие мандат
Линк до 360 степени





