Фондот за осигурување на депозити (ФОД), соопшти дека депозитите на граѓаните во „Еуростандард банка“ се осигурени, а исплатата на обесштетувањето на штедачите ќе почне во рок од 20 дена.



„Депозитите на граѓаните во ‘Еуростандард банка’ АД Скопје кои согласно со Законот за Фондот за осигурување на депозити се осигурени, ќе бидат обесштетени од Фондот за осигурување на депозити (ФОД), во износ до 30.000 евра по лице.

Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4% од физичките лица – депоненти во ‘Еуростандард банка’ АД Скопје..

Исплатата од страна на ФОД ќе започне во рок од 20 дена, согласно со Законот. Вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени изнесува околу 4,4 милијарди денари (со состојба на 31 јули 2020 година). ФОД располага со доволен обем на средства и исплатата на депозитите ќе се спроведе навремено“, се вели во соопштението.