Незадоволни граѓани на денешниот 35 ден од протестите во Бугарија, својот револт го изразија со протест пред германската амбасада во Софија.
„Се собиравме да ја прашаме германската мисија во нашата земја зошто веќе една деценија една од водечките сили во Европската унија го толерира очигледниот организиран криминал во нашата владејачка класа во личноста на Бојко Борисов и неговите влади, како и оние поврзани со нивниот систем“, изјавија незадоволните граѓани пред германската амбасада, кои се собраа на протест, објави БГНЕС.
Демонстрантите молчеа една минута, а на очите имаа превези.
„Сакаме да знаеме како пораките за владеење на правото кои ја придружуваат секоја европска директива кон Бугарија се помируваат со ‘широко затворените очи’ на европската политичка елита за нивните „партнери“ од ГЕРБ, велат демонстрантите, пренесе агенцијата.