Македонија е една од само осум држави во светот во кои државјаните на САД среде пандемијата на коронавирус можат да влезат без никакви ограничувања.
„Само осум земји ќе им дозволат на Американците да влезат без никакви ограничувања: Северна Македонија, Косово, Тунис, Турција, Доминиканска Република, Мексико, Малдиви и Србија. За остатокот од светот сме чума. Попрво би требало да останеме дома и да го славиме нашето право дадено од Бог да не носиме маска“, вели на Твитер славниот американски режисер на документарни филмови, споделувајќи и карта на Македонија како илустрација на својот твит.
САД се убедливо први во светот според бројот на заболени и на починати од Ковид-19. Од 20,6 милиони заразени на планетарно ниво, 5,3 милиони се Американци, а од околу 750 илјади починати во светот, од САД се речиси 170 илјади.






