Полициски службеници од Полициската станица Неготино, во близина на Демир Капија вчера било сопрено патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, а веднаш по него и товарно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки.- Реклама –
Во двe одделни полициски контроли кај Демир Капија и Липково вчерас биле пронајдени вкупно 148 мигранти.
Вчера утрото кога полициски службеници од Неготино, во близина на Прждевски споменик, кај Демир Капија запреле товарно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки во кој имало 103 мигранти од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и Сирија кој во текот на денот биле сместени во прифатниот центар „Винојуг“.
Возачот на товарното возило, А.М.(37) од Липково избегал но по кратко време бил пронајден.
Вчера во 19.10 часот било пријавено дека на местото викано „Врело“ во село Ваксинце, Липково, било затекнато комбе „ивеко дејли“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое побегнало, а во возилото биле пронајдени 45 мигранти од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и Палестина.
Мигрантите биле сместени во транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка.





