„Имам надеж дека преговорите за владино мнозинство ќе имаат резултат ДУИ да отиде во опозиција и се уште стојам на ставот дека тоа е чекорот кој што е исправен за нашата држава“, изјави поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски за емисијата „Што не е јасно“.
„Факт е дека исходот на владината коалиција СДСМ-ДУИ во овој момент е најверојатен. Пост-изборното коалицирање е нужно зло за секој субјект кој што учествува на изборите, бидејќи во интерес на државата е да се соберат тие 61 пратеник, не е само во интерес на СДСМ, ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ.





