Ако победи Џо Бајден, Америка ќе добие Афроамериканка за потпретседател

Претседателот на САД, Доналд Трамп е изненаден од изборот на Камала Харис за кандидат за потпретседател на демократите, додека нејзините избори ги поздравија поранешниот претседател Барак Обама и сенаторот Берни Сандерс, јавуваат агенциите.



Кандидатот за претседател од Демократската партија, Џо Бајден вчера ја избра сенаторката Камала Харис од Калифорнија за кандидат за негов потпретседател доколку победи на изборите.

Таас е прва Афмроамериканска номинирана за таа позиција.

Кога во 2016-та беше избрана во Сенатот, Харис влезе како втора Афроамериканка во историјата на горниот дом на американскиот Конгрес.

Пред да биде избрана за сенатор, таа беше главен државен обвинител на Калифорнија, пренесува „Гласот на Америка“.

Харис на Твитер изјави дека е почестена со номинацијата и дека Џо Бајден може да ги обедини Американците.

Поранешниот претседател Барак Обама на Твитер објави порака за поддршка за одлуката на Бајден. “Го познавам сенаторот Камала Харис долго време. Таа е повеќе од подготвена за работата. Таа ја помина кариерата бранејќи го нашиот устав и се бори за оние на кои треба да им се даде фер шанса. Ова е добар ден за нашата земја. И сега, да победиме во на ова “, напиша Обама.