На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места, но се појавија и дополнителни „дилеми“.
Од СДСМ тврдат дека Заев е мандатар и дека во тек се разговори за парламентарно мнозинство.
Мицкоски вели дека го известил Ахмети дека токму ВМРО-ДПМНЕ е победник во македонскиот блок.
Досегашниот собраниски спикер Талат Џафери тврди дека рокот за мандат почнува да тече откако ќе се избере претседател на Собрание и сè уште не го испраќа дописот до претседателот на државата за конституиран Парламент.
Претседателот Стево Пендаровски смирува дека рокот си тече и дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите на 4 август 2020 година.





