„Две контроли кои што треба да ги спроведе државата една на граничниот премин преку кој што овие лица влегле во Македонија и една на самиот аеродром покажале резултати различни од оние кои што ги покажале аеродромските власти во Финска. Како влегле тие? Директно влегле во авион? – прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за луѓето кои патуваа со Виз Ер кон Финска, а за кои тамошните власт јавија дека 24 од нив биле позитивни.
„Тоа е прашањето и затоа денеска сме рекордери. Затоа македонските граѓани денеска се во кафез, заклучно со септември, и не можат да патуваат во ЕУ. И ова се тие политики. И нема да ме чуди ако овој кафез продолжи до крајот на 2020-тата година. Ова се тие политики кои што мора да ги победиме“, вели Мицкоски.
Најголем дел од патниците кои викендов од Скопје со авион слетаа во финскиот град Турку, биле косовски државјани. Со косовски пасош патувале 95, со фински 60 лица, а со македонски документи биле само две лица.
ПОоиради инцидентот Финска ќе воведе задолжителни тестови и карантин за патници од одредени земји со висок ризик, изјави надлежниот министер во понеделникот, откако 24 од 157 патници кои пристигнаа од Скопје беа позитивни ба Ковид-10.
Од Министерството за здравство велат дека за овие 157 патници, од кои 24 биле позитивни на Ковид 19, не важеле рестрикциите при влез и излез од земјава, бидејќи биле иселеници или само транзитирале низ Македонија, односно имале европски пасош или дозвола за престој во земја членка на ЕУ.
Денеска министерот Венко Филипче најави дека ќе побара и граѓани кои транзитираат низ Македонија да имаат PCR тест.




