Граѓански собир во знак на протест против плановите за уривање на Универзална сала ќе се одржи вечерва во 20 часот.



На 11 август – во 20 часот пред платото на Универзална сала, да бидеме солидарни за срцето на Скопје. Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје“ се вели во повикот преку Фејсбук.

Повикот доаѓа по изјавите на градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за рушење на Универзалната сала и нејзина изградба на нова локација.

Собирот ќе се одржи под мерките на заштита, се апелира сите оние кои ќе присуствуваат да ја запазат физичката дистанца и носат заштитни маски.