Денеска до 15.30 минути најмалку околу 30 минути не функционира сајтот на македонската влада.
Според описот на грешката што е објавена на адресата на влада.мк сајтот има некаков проблем со постоење на преголем број конекции.
Од владата засега нема објаснување како е можно да падне сајтот на владата која е членка на НАТО и која треба да има највисоко ниво на заштита.
Предходно македонскиот дел од глобалното хакерско движење “Анонимус” предизвика неколку дена да бидат нефункционални сајтовите на Министерствата за здравство и образование.






