Во само 10 од вкупно 128 градови во Хрватска во текот на 2019 година, бројот на родени деца бил поголем од бројот на починати, пишува д „Јутарњи лист“.
Најлош прираст меѓу градовите е Вуковар, каде минатата година се родиле 194 бебиња, а бројот на починати е 405. Задар е најдобар, каде што бројот на новородени и починати е скоро еднаков (686 новороденчиња и 705 смртни случаи) )
Во четири хрватски општини не се родило ниту едно детево 2019 година, пренесуваaт хрватски медиуми.
Само 36.135 деца се родени во Хрватска во 2019 година – најмалку од 1900 година, односно откако се водат податоци, додека 51.784 лица починале во исто време.
Само по природен пат, не сметајќи ги иселениците, населението на Хрватска минатата година се намали за град со големина на Пореч.






