Делегции од Армијата и од општините денеска ќе положат цвеќе на спомен обележјето во скоспско Волково по повод 19 години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила во 2001 година.
На 10 август 2001 година, два дена по масакрот кај Карпалак, воено товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенковски мини.
Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на Армијата од гарнизонот Скопје.






