Кинеските здравствени власти официјално објавија епидемија на вирусот што го пренесуваат крлежи SFTS (Huaiyangshan banyangvirus), пренесуваат медиуми.
60 лица веќе се заразени, седуммина починале како резултат на инфекцијата.
Меѓу симптомите на инфекцијата вклучуваат кашлица, треска и намалено ниво на бели крвни зрнца и тромбоцити во крвта.
SFTS за прв пат е откриен и идентификуван во 2011 година.
Вирусот се пренесува од крлежи на луѓето, како и од заразено лице на друго лице преку крвни капки или воздушни капки.





