Доналд Трамп често се споредува со Абрахам Линколн, а според „Њујорк Тајмс“, сега Трамп би сакал неговиот лик да биде „извајан“ веднаш до оној на Линколн на планината Рашмор во Јужна Дакота.



Њујорк Тајмс пишува дека официјален претставник на Белата куќа го контактирал гувернерот на Јужна Дакота минатата година, и се распрашувал за процесот како би можел да се додаде уште еден лик покрај сегашните четири.

Гувернерот на таа сојузна држава, Кристи Ноем, неодамна му подари на Трамп реплика висока над еден метар на планината Рушмор, на која бил поставен и ликот на Трамп покрај оние на Линколн, Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и Теодор Рузвелт.

Сепак не зависи од Ноем дали ќе биде додаден ликот на Трамп на планината Рашмор, бидејќи станува збор за федерален споменик со кој управува од Националната служба за паркови.

А, нивниот став е дека нема простор за петто лице.