Алијансата за Албанците би прифатила да влезе во новата Влада заедно со ДУИ, но само доколку мандатар биде Насер Зибери, вели Арбен Таравари за Телма.
„Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени програмски точки и принципи на добро владеење, тука сме да помогнеме и доколку можеме да направиме 61 пратеник без ДУИ“, рече Таравари.
Коалицијата Алијанса/Алтернатива освоји 12 пратенички места на парламентарните избори…





