Деветнаесетгодишниот Давид Тошевски, кој пред еден месец потпиша петгодишен договор со рускиот фудбалски премиерлигаш Ростов, го доби дресот со број девет.
Донеодамнешниот напаѓач на Работнички во минатата сезона забележа пет гола и три асистенции на 21 натпревар за „романтичарите“ во Првата македонска фудбалска лига.
Тошевски има настапувано за сите младински репрезентативни селекции, а неговиот трансфер во клубот од Ростов на Дон неофицијално изнесува 800.000 евра.
Ростов на стартот од руската Премиерлига попладнево му гостува на Тамбов.






