Партиски извори во една од партиите на македонските Албанци денеска брифираа дека Заев се надева на договор со двајца пратеници на ДУИ од кои очекувал да поддржаат влада без партијата на Ахмети доколку нема договор меѓу Бихаќка и Мала Речица.
Едниот според информациите што ги дал на средба со партиски претставници на партија со која преговара е бизнисмен а во минатото имал директни врски со СДСМ.
Се работи за човек кој финансирал дел од кампањата на ДУИ а има искуство во менаџмент на локално ниво но и како добитник на многу бизниси со државата.
Вториот е екс министер кој не е од крилото на ДУИ кое произлезе од ОНА туку на висока државна функција влегол преку лични контакти на раководството на партијата со негови блиски роднини.
Лобирањето тој да го напушти партискиот дрес на ДУИ и сега оди преку контакти во влијателни албански бизнисмени во странство но и влијателни македонски Албанци кои се дел од државниот естаблишмент но не се дел од ДУИ.
Преговорите со нив запреле денеска откако од СДСМ и ДУИ пристигнаа информации дека е можно наскоро да дојде до договор за старо-нова влада меѓу двете партии.
Откако не минал во ВМРО-ДПМНЕ, Заев тргнал на „шопинг“ во ДУИ




