Само неколку дена откако покраината Мекленбург- Предна Померанија стана првата во Германија која ги отвори по летните одмори, околу 800 ученици беа принудени да се вратат во своите домови, јавува Дојче веле.
Причина, еден наставник бил позитивен на тестот на за Ковид-19, поради што сите 55 наставници сега ќе мора да бидат тестирани на коронавирусот. Училиштето ќе остане затворено најмалку до среда, соопшти општината.
Уште 100 ученици од основно училиште во регионот на Росток се ставени во двонеделен карантин откако еден нивни соученик бил позитивен на вирусот.





