Партиски информации кои доаѓаат од една од партиите на македонските Албанци укажуваат дека лидерот на СДСМ ја менува тактиката во обидот да направи нова влада.
Во меѓу партиските разговори што се одржуваат деновиве Заев на идните потенцијални партнери им давал гаранции дека го има потребното мнозинство од 61 пратеник но дека му се потребни уште два до три дена да постигне договор со двајца пратеници од редовите на ДУИ.
Expres.mk дознава дека навистина последните десетина дена се направени лични и индиректни контакти преку блиски луѓе на двајца пратеници на ДУИ кои не се дел од военото крило на партијата и кои без влезот на партијата во владата немаат интерес за останување во Собранието.
Во текот на денот Expres.mk ќе ги објави профилите на двајцата новотаргетирани пратеници кај кои не “играат” седмоцифрени понуди туку други бенефиции кои можат да ги добијат тие или нивни блиски.
Целта на Заев според тоа што го зборувал пред потенцијалните партнери е да го елиминира ДУИ за да остане премиер и во четирите години од новата влада за да продолжи со реформите што не е можно доколку направел коалиција со партијата на Ахмети.
Контактите на Заев со најмалку двајца пратеници на ДУИ се одвиваат паралелно со разговорите што двете партии ги водат на полуофицијално ниво.





