Трамп го забранува „Тик-ток“ – била кинеска шпиoнска апликација

Американскиот претседател синоќа потпиша извршна уредба со која на сите американски граѓани им се забранува вршење на трансакции со кинеската компанија “ByteDance” во чија што сопственост е популарната апликација Tik Tok.



Според уредбатаапликацијата се смета за „закана“ по националната безбедност на САД зашто автоматски собира информации на американските граѓани.

„Ваквото прибирање на информации претставува закана и би можело да ѝ овозможи на Комунистичката партија на Кина пристап до личните податоци на Американците“, стои во уредбата.

„Соединетите Американски Држави мора да преземат жестоки мерки против сопствениците на „ТикТок“ за да ја заштитат својата национална безбедност“.