СДСМ контролира повеќе новинари Албанци од ДУИ

Со “Потсетникот Број 2” екс амбасадорот и аналитичар Арсим Зеколи продолжува да ја информира медиумската публика која не го познава албанскиот јазик за состојбата во овој дел од медиумите.



Според него партијата на Заев плаќа многу повеќе новинари кои работат на албански јазик од тие што ги плаќа ДУИ.

“Потсетник Бр 2 до читателите/гледачите не-Албанци:

СДСМ има на платен список многу повеќе новинари Албанци и медиуми на албански јазик отколку што има ДУИ”, пишува Зеколи кој важи за добро упатен во состојбите во медиумите на албански јазик во Македонија, Косово и Албанија.

За време на последната изборна кампања против ДУИ беа неколку влијателни медиуми на албански јазик меѓу кои и една влијателна телевизија каде работата и новинари блиски на високи функционери на СДСМ.