Градежна фирма од Липково вложи 1,8 милиони евра во акции на „Скопски пазар“ со што оваа фирма веќе нема да биде контриолирана од семејството Давитковски.
Во вторник на 4 август беше склучена трансакција за купопродажба на вкупно 15.601 акција со право на глас во „Скопски пазар“ кои беа сопственост на Тодорка и синот Сашо Давитковски, а беа најследство од Трајко Давитковски долгогодишен успешен директор на единствената скопска фирма за огранизирање и управување со зелени пазари во главниот град.
Мајката и синот акциите ги продадоа за вкупен износ од 1,8 милиони евра, а поединечната цена за секоја акција изнесува 6.170 денари, ценакоја е за 3 пати пониска од последната пазарна цена по која таа акција беше тргувана на Официјалниот пазар на 28 октомври 2019 година.






