Борисов подготвен да си даде оставка

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вели дека разговора со коалиционите партнери и ќе им понуди опција да замине од функција, но владата да остане.



„Утрово разговарав многу со Каракачанов и Симеонов за да надјеме опција“, рече Борисов, пренесува Економик.Бг.

„Владата може да остане, да има парламент и тие што се водачи на протестите можат да дојдат и да кажат што мислат за тоа. Имаме секакви опции“, рече Борисов.

Тој рече дека е подготвен да го каже датумот на оставката уште денес, но ќе разговара со коалициските партнери затоа што е посветен на обезбедување стабилност на земјата.