Вво последните 24 часа биле направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 од кои 5 деца кои се хоспитализирани во болницата Козле..



Починале се 6 лица во болнички услови: Две пациентки од Скопје (56г. и 75г.), пациент од Куманово (91г.), пациент од Гостивар (64г.), пациент од Тетово (82г.) и пациент од Штип (58г.)

Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на дијагностицирани со корона од почетокот на епидемијата изнесува 11.289,  бројката на оздравени пациенти е 7.221, починати се 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.