Започнува исплатата на повратот на ДДВ за второто тримесечје

На почетокот на август граѓаните кои скенираа сметтки преку апликацијата МојДДВ ќе ги добијат средствата од повратот на ДДВ за второто тримесечје од оваа година.



Според Управата за јавни приходи, во април, во мај и во јуни биле регистрирани нови 24.974 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“. Заклучно со 30 јуни се скенирани се над 41.6 милион фискални сметки, направен е промет од 21.4 милијарди денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 милиони денари односно 5.4 милиони евра.

Во тековниот, трет квартал,9јули,август,септември) според измените што ги направи Владата, ќе се врши поврат на 20 отсто од ДДВ за домашни производи и услуги и 10 отсто за странските.