Бугарски вицепремиер: Македонија веќе нема да ја фалсификува историјата

 

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов тврди дека договорот за добрососедство со Македонија треба да донесе нормални односи меѓу двете земји но тој нема да ги признае македонскиот јазик и нација затоа што ниту еден меѓународен документ не наложува на некоја земја да признае нечиј јазик или националност.



„Неопходно е да го потпишеме договорот зашто е крајно време односите меѓу Бугарија и Македонија да минат на повисоко ниво. Еден договор значи обврска а овој договор има обврски поврзани со безбедноста на Бугарија, со немешањето во внатрешните работи на Бугарија, со празнување на заеднички празници, настани и личности од заедничката истроија“, вели Каракачанов.

Бугарскиот вицепремиер најавува дека согласно договорот ќе биде формирана комисија која што на база на автентични документи и факти ќе прави проценка на историјата. Таа во иднина според лидерот на бугарската партија ВМРО – БНД не смее да биде интерпретирана, како што тоа се случувало во последниве 20 години.

Македонија во овој период својата историја ја интерпретирала и фалсификувала а со договорот тоа  ќе се избегне, смета министерот за одбрана на Бугарија според кого од независноста на Македонија Бугарија секогаш била добронамерна затоа што прва ја признала независноста под уставно име, помагала за време на ембаргото од Грција а дала и воена помош за време на конфликтот во 2001 година.