Демократската партија на Албанците на Мендух Тачи ја прифатила понудата на Зоран Заев, да биде дел од новата влада, објави Азем Садику по средбата со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски.
„Имавме покана за денешната средба и бевме заедно, делегацијата на партијата со претседателот. Ни се понуди можноста да бидеме дел од идната влада предводена од претседателот на СДСМ, Зоран Заев и ние како партија ја прифативме поканата. Формирани се работни групи кои ќе се предводат од претседателот и секретарот на СДСМ Љупчо Николовски”, изјави Садику.





