Граѓанската иницијатива „Солидарни за срцето на Скопје“ преку Фејсбук страницата „Градот убав“ ги повикува сите добронамерни граѓани на протест пред платото на Универзална сала.

Целта на протестот закажан за в четврток во 20 часот е „јавно да му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска ‘лулка на културата’, тој ‘храм и светилиште на уметноста’ нема да дозволат да биде жртвуван заради личните бизнис интереси на урбаната мафија“.
Јавноста бурно реагираше по распишаниот конкурс за идејно решение за „културен парк со летна сцена“ на местото на Универзална сала која во тој случај би била урната.





