Брнабиќ пак сака да биде премиерка

Досегашната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека таа е една од двајцата кандидати за нов премиер и дека другата личност е исто така од нејзината партија СНС.
„Има два кандидати за премиер. Јас сум една од кандидатите. Јас знам кој е другиот, но не е на мене да кажам кој е тој. Тоа е личност од СНС”, изјави таа за телевизијата Пинк.
Брнабиќ изјави дека втор кандидат за премиер е личност од нејзината партија која таа секако би го поддржала.