Џафери ќе претседава со утрешната конститутивна седница

Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре, изјави досегашниот парламентарен спикер во заминување Талат Џафери за Вечер.



Џафери, пред десетина дена беше хоспитализиран поради пневмонија, а неколку последователни резултати од тестирањата покажале дека е негативен на коронавирус.

Со оглед дека поради ковид мерките неопходно е одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, конститутивната седница ќе се одржи големата сала под Големата купола на собраниската зграда.

Гласањето на седницата ќе се одвива рачно (со картончиња), а од седницата ќе има директен пренос на Собранискиот канал на МРТ.