По подолг молк на социјалните мрежи се јави Вида Боева секретарката на екс лидерот на историското ВМРО, борец за обединување на Македонија со Бугарија и фашистички соработник Иван Ванчо Михајлов.
Вида Боева која по втората светска војна со Михајлов избегала и долги години живеела со него во Рим во коментар зборува дека Македонците како што тргнале ќе треба да бегаат од својата земја.
Таа алудира на губење на државата за Македонците кои ќе треба да барат спас во Србија а за да се разберат со Албанците ќе треба да го научат албанскиот јазик.
“Како што сте тргнале не знам каде ке бегате. Мислам на север, во Србија
зошто од срам нема да бегате кај мајка Булгарија. А сигурно ке си купите и речници, за да се разбирате со Албанците”, пишува Боева во крајно навредливиот коментар.
Нејзината реакција е во врска со двете песни од поетот Венко Марковски (кој пред повеќе од половина век од Макеоднија избега во Бугарија) објавени од дисидентот Јордан Петровски.
“Две песни од Венко Марковски и двете ги посветувам на моите пријатели кои се убедени дека Македонците се со бугарски етнички корени”, напиша Петровски на објавата.
„Да, верно е, се бориме
денес за Југославија
но не за довчерашната,
црвите што ја гризеа,
потиснатите народи
в турма вечна што гниеја,
а великашите – големци
за превласт и за господство
помеѓу што се гложеа.
Лага е да сме Болгари,
и Срби да сме, лага е,
Македонци сме, народ сме,
а денес веќе нација… –“
Втората песна на Венко Марковски кого официјална Софија го прикажува како доказ дека Македонците се Бугари е објавена на профилот на Петровски.





