Што порача партнерот на Заев и СДСМ, Билал Касами за Илинден?

Лидерот на движењето Беса Билал Касами кој е коалиционен партнер на Заев и СДСМ за големиот национален празник Илинден воопшто не упати честитка до Македонците и сите граѓани, односно не порачал ништо.



Ниту во соопштение ниту во објава на социјалните мрежи Касами не го честита празникот Илинден.

Пред само три дена тој на сите муслимани им го честитал Курбан Бајрам но денеска не најде време и желба да го честита големиот празник на македонскиот народ.

https://www.facebook.com/419609265119764/posts/1075831912830826/

Со нечеститање на Илинден всушност Касами испрати порака дека тој празникот не го чувствува како свој.

Неговите коалициони партнери од СДСМ и претседателот Пендаровски во честитките го избегнуваат името Макеоднија.

Ниту М од Македонија и во честитките на Пендаровски за Илинден