Португалија: Измислиле маска што го убива коронавирусот!?

Научниците во Португалија објавија дека направиле маска што го убива вирусот Ковид-19.



Тие создадоа маски со специјална обвивка што помага да се „деактивира“ вирусот во контакт со ткаенината од која се направени, пишува „Еуроњуз“.

Тимот на експерти тврди дека заштитата на маските останува дури и по 50 перења.

Специјалната обвивка која се нанесува на маските може да ја намали можноста некој да се зарази за дури 99 проценти, вели Педро Симас од Институтот за молекуларна медицина во Лисабон (ИММ), еден од виролозите кој работеше на создавање на маската.