Министерот за здравство Венко Филипче, информираше дека утрово на Клиниката за Урологија биле експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт.



Државниот правобранител за подрачје Велес, Борче Пинов (46) е човекот чие семејство во најтешките моменти покажа огромна хуманост, и по неговата смрт реши да ги донира неговите органи.

Борче, кој пред осум години беше именуван на функцијата државен правобранител за подрачје Велес, починал вчера, по пет дена лекување на КАРИЛ во Скопје. Несреќата во која се здобил со витално загрозувачки повреди се случила во Велес, откако паднал од височина. Тој зад себе остави сопруга и две малолетни ќерки.

Дека Борче Пинов е донор потврди министерот Филипче за ,,Фокус”.