Комисијата за заразни болести даде препорака да почнат да работат градинките во земјава.



Дозволата се однесува и за државните и за приватните установи кои згружуваат деца од претшколска возраст, дознава Фактор.

Потребно е Владата да ја прифати препораката на комисијата за градинките да ги отворат вратите.

„Сметаме дека градинките ги исполнуваат условите во кои ќе бидат згрижувани децата.

Само 4 до 5 вакви установи во целата земја не ги исполнуваат бараните критериуми, но не може за сметка на само неколку да ги држиме сите градинки затворени. Време е и најмалите да се вратат во установите, а и родителите да почнат редовно на работа“ вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести и директор на Центарот за јавно здравје.