Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека скандалот со злоупотреба на субвенциите за плати на работниците е многу поголем и прашува како првичната цифра од милион девра за кои се вели дека била злоупотребена, е сведена на половина.
„Се поставува прашањето дали власта на Заев крие фирми кои зеле помош, а не ја исплатиле кај работниците? Зошто беше објавен список со погрешни податоци на фирми кои платиле? И на крајот најважното прашање, зошто презентираа различни суми, односно еднаш рекоа милион евра, за потоа сума да биде двојно помала или половина милион евра“, прашуваат ВМРО-ДПМНЕ.
Власта на Заев во многу наврати била поврзувана со скандалозни исплати на државни средства и дека не би ги зачудило ако поради ваквите нелогичности од половина милион евра се крие вистинскиот список на фирми во кои можеби се наоѓаат токму фирми на партиски функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.




