Ријасетот на ИВЗ поради актуелната состојба со ковид-19 се откажа од организирање на главната манифестација, односно утринскиот намаз по повод денешпниот голем муслимански празник, Курбан Бајрам.
Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.
На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога.
Курбан бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр бајрам, и го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.





