Вселенскиот патријарх Вартоломеј му се заблагодарил на турскиот претседател Таип Ердоган за реставрацијата на православниот манастир Панаги Шумела во близина на Трабзон.
Во телефонскиот разговор со Ердоган, Вартоломеј не се сетил да го прокоментира претворањето на Света Софија во џамија, пишува Спутник.
„Тој е турски државјанин и затоа не може да стори ништо друго освен да молчи“, објаснил за „Спутник“ експертот за верски работи Николаос Савопулос, пренесува Б92.





