Се пресметува ли СДСМ со новинари преку Јавното обвинителство?

Основното јавно обвинителство молчи за низа случаи во кои беше инволвирана власта на СДСМ но ревносно гони новинари критичари на власта предводена од Зоран Заев.



По уредникот на инфомакс.мк Александар Митовски кој беше експресно обвинет и осуден за објавување на доверливи документи кои се од јавен интерес Јавното обвинителство започнало истрага против уредникот на лидер.мк Љупчо Златев.

Златев објавил документ на Управата за безбедност и контраразузнавање во кој се гледа дека власта се пресметува со децата на политичките неистомисленици.

Во двата случаи се работи за објавени точни информации од јавен интерес кои укажуваат на тешки прекршувања на законите на функционери на власта на СДСМ за кои според сите меѓународни правила не смеат да се гонат новинари.

Доколку Златев кој важи за жесток критичар на Зоран Заев и СДСМ биде осуден нему му се заканува затворска казна до 3 години.

Предходно Митовски беше осуден условно со што стана единствениот новинар во Европа осуден за објавување на класифицирани документи.

Златев најавува дека е подготвен да отиде в затвор доколку е тоа цената што треба да се плати за правда и за Макеоднија.

Со ваквото селективно однесување на јавното обвинителство кое само за пример цела година не го гони генералниот секретар на Владата Драги Рапковски за случајот “Леонардо” а по кратка постапка покренува случаи против новинари критичари на власта, обвинителите самите го поставуваат прашањето дали оваа институција работи по налог на СДСМ на чии функционери се однесуваат документите на Златев.

Новинарот Златев обвинет за издавање службена тајна