Ќулавкова ја осудија по кратка постапка, за Тричковски чекаа да се заборави

Двојни стандарди при реакцијата на директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска која цели два молчеше за говорот на омраза новинарот близок на СДСМ Бранко Тричковски со кого предходно соработувала.



Додека за изјава на академик Катица Ќулавкова која ни оддалеку не ширеше говор на омраза Хелсиншкиот комитет за нецел ден поднесе кривична пријава за која и самите признаа дека нема основа, за новинарот Тричковски Пировска само со осуда на Фејсбук и тоа третиот ден од неговите небулозни писанија.

Пировска не најави кривична пријава за Тричковски во пораката со која и дава поддршка на Рашела Мизрахи која беше цел на сексизам од страна на Тричковски.

“Згрoзени сме од леснотијата со која се смислуваат, споделуваат и одобруваат сексистички „шеги“ кои ги дехуманизираат жените на најнавредлив можен начин. Со овој „виц“ насочен кон Рашела Мизрахи, Бранко Тричковски (не за прв пат) одобрува, охрабрува и перпетуира користење на сексистички јазик и навреди кон сите жени, кои се прелеваат од јавниот во нашиот приватен живот и обратно. Овој тип на досетки се опасни, неодговорни и како такви комплетно излишни и несмешни. Животите и телата на жените не се ваш терен за политичко пресметување и исмејување”, пишува Пировска користејќи го хаштагот #СоНеаСме мислејќи на Мизрахи.

Реакцијата на Пировска за Тричковски доаѓа два дена по неговиот говор на омраза. Во случајот со академик Катица Ќулавкова како директорка на ХК Пировска реагираше веднаш.

Пировска и Тричковски предходно заедно држеле прес конференции насочени против ВМРО-ДПМНЕ.