Скопјани против уривањето на Универзална сала

Граѓани на социјалните мрежи реагираат на најабвеното уривање на Униеверзалната сала во Скопје, подарок од десетина земји по катасттрофалниот земјотрес во 1963 и која почна со работа во далечната 1966 година.



Наспроти „гласот на народот“ конкурс за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за отворена летна сцена со парк „Универзална“, објавил град Скопје пред три дена.

Колку ќе чини реализацијата на проектот не се открива во огласот, затоа што сега се избира идејното решение.

За тие кои ќе го понудат се предвидени награди, односно 180.000 денари за првонаграденото решение, 120.000 за второт и 60.000 денари за третонаграденото решение. Идеите треба да се достават до 28 август годинава, пишува порталот „Фактор“.

Веќе е избрана и жири комисјата која ќе ги оценува решенијата. Во неа членуваат Маја Дончева, Бесник Осеку, Снежана Митоска, Александар Јанакиески, Аљоша Шопар и Никола Наумоски.

Градоначалникот Шилегов, инаку вети стартување на процесот на изградба на Универзална сала веднаш по добивање на градоначалничкиот мандат уште во време на предизборието за локалните избори во октомври 2017.